Македонија секогаш се сака и поддржува, одиме на победа против Гибралтар
Македонија вечерва на дуел со Гибралтар, последен во овој јунски „прозорец“, влегуваме како апсолутни фаворити, но со голема сериозно приоѓаме на мечот.
Гибралтар покажа дека е незгоден, освои бод со Бугарија и тоа е предупредување по кое максимално сериозно влегуваме на мечот, и без никакви потценување на противникот.
По поразот од Грузија, не смееме да запишеме нов неуспех, репрезентативците заслужуваат поддршка, репрезентацијата се сака и кога победува и кога губи, а вечер се надеваме на втора радост против Гибралтар.
Досега имаме три меча, гол разликата е 8-0 за Македонија, сакаме да продолжиме да запишуваме победи, секако без примен гол.
Потребно е да ги поправиме нашите грешки, сите во соблекувалната го даваат максимумот, не гледам дека е поинаку. Атмосферата ќе се врати со добри резултати, секако размислуваме само на победа против Гибралтар“, рече Барди на вчерашната прес-конференција.
Дуелот меѓу Македонија и Гибралтар се игра од 18 часот на арената „Тодор Проески“, фудбалерите бараат поддршка ја заслужуваат во секоја смисла на зборот.