Спорт // Спорт
Македонија си ја заврши работата во Тузла, сега чека помош од Романија против Албанија
Победа во Тузла на машката одбојкарска репрезентација на Македонија против БиХ со максимални 3-0, нашите репрезентативци си ја завршија рабтата, но за пласман на Ф4 во Европската сребрена лига зависат од резултатот меѓу Романија и Албанија утре.
Македонија запиша победа против БиХ со 3-0 по сетови 25-21, 25-21 и 25-20, капитенот Никола Ѓоргиев со 22 поени најдобар на мечот.
Романија треба да ја победи Албанија со 3-0 или 3-1, и да и заврши работа и на нашата селекција, овој дуел утре е закажан за 16 часот.