Македонија со играч помалку загуби од Бугарија и заврши на третото место во Лигата на нации

Македонија со пораз го заврши настапот во Лигата на нации, Бугарија запиша победа со еден гол, претходно Тодороски доби директен црвен картон.

Македонија започна добро и офанзивно, но во 14 минута, по првиот старт на мечот на Тодороски, судијата од Австрија, Вајнбергер, покажа директен црвен картон за нашиот репрезентативец.

ВИДЕО:

https://twitter.com/dribling2021/status/1574503242792419330


Тоа секако влијаеше на играта и резултатот, а во првиот дел преку Милан Ристовски ние ја имавме најсериозната шанса за гол со шут од далечина.

Во второто полувреме со голот на Десподов, кој погоди и на првиот меч во Разград, Бугарија поведе и запиша победа.

Македонија врза два порази, по оние 2-0 во Тбилиси против Грузија, сега и во Скопје од Бугарија, заврши на третото место.