Македонија со Јужна Кореја за 27. место на мундијалот во Полска и Ѓведска

На светското ракометно првенство  во Полска и во Шведска денеска започнува нокаут рундата со четврфиналните натпревари, а в недела во  Малме ќе биде познат и новиот светски првак.

Денес во четвртфиналето се среќаваат  Франција - Германија,   Шпанија - Норвешка , Шведска - Египет и  Данска - Унгарија.

Македонија денеска  го игра последниот меч на Мундијалот, а противник ќе ни биде селекцијата на Јужна Кореја.  Мечот стартува од 18 часот во борбата за 27 место.