Спорт // Спорт
Македонија стопирана, Франција е друга димензија во моментот за македонските ракометарки
Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби од Франција во Скопје со 14-24, прв меч на ЕУРО на кое нашата земја е еден од организаторите.
Франција се покажа како селекција која е „друга димензија“ за нашите ракометарки, тие се бореа чесно во секоја акција, напад и одбрана, но противникот едноставно е пресилен.
Јаневска и Саздовска запишаа по четири гола, а Ристевска постигна три гола. Следно за Македонија е дуелот со Холандија во понеделник.