Македонија убедлива против Мароко, следува дуел за 27 место со Јужна Кореја

Македонската ракометна репрезентација убедливо го совлада Мароко 40-25, и ќе разигрува за 27. место на мундијалот во Полска и Шведска.

Македонија одигра добар натпревар против Мароко, најефикасен беше Кузмановски со осум погодоци, Атанасијевиќ запиша седум, Костески и Серафимов во победата учествуваа со по шест голови.

Томовски се истакна на голот со 13 одбрани. Во среда од 18 часот ќе играме против Јужна Кореја во меч за 27. место.