Македонија вечерва на голем тест против Португалија во Скопје
Македонската ракометна репрезентација е подготвена за двомечот со Португалија, квалфикации за ЕП 2024.
Селекторот Лазаров има доста проблеми со отсуството на некои од носителите на играта како Талевски, Манасков и Георгиевски, па се реши и за дополнителен повик на Аларов и Мишевски, кои треба да бидат замена за повредените Пешевски и Танкоски.
Лазаров со своја оценка и очекувања од дуелите со Португалците.
„Ни следи тежок натпревар. Тие веќе 4-5 години играат заедно, имаат и поискусни играчи кои играат во големи клубови учесници и во Лигата на шампионите. Од она што го видов од видео-материјалите од последното Светско првенство се гледа дека се работи за многу воиграна репрезентација. Ќе имаме тешка работа, но мора да го искористиме времето за што подобро да се подготвиме и да го дадеме нашиот максимум во овој момент. Нашата репрезентација е драстично подмладена, правиме комплетна промена на генерации и мора да бидеме трпеливи. Ни требаат квалитетни натпревари, токму како овие со селекцијата на Португалија", вели Лазаров.
Македонија вечерва ја пречекува Португалија ( 19.00час.) , три дена подоцна го игра реваншот на гости.