Македонија во пламен: Луѓето бараат спас, бегаат од дома, куќи горат, помагаат сите- недоволно за ваква стихија

За жал, Истокот на земјава гори и ситуацијата не е воопшто наивна. Летниот период постојано ни создава проблеми, но оваа година имаме навистина критични ситуации.

Повеќе од 40 пожари се активни низ државата.

Откако пред неколку денови целосно беше ставен најголемиот пожар на планината Серта, од вчерашниот ден повторно ситуацијата излегува од контрола. 

Засега, најкритичен е пожарот во светиниколското село Немањица. Првиот човек на центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов објави видео каде „очајните сопственици“ не сакаат да ги напуштат своите домови заради превенција од пожарот кој е активен во овој регион.

Од ЦУК соопштија дека пожарите се гаснат со армиски хеликоптер „ми-17“, како и со три „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Што се однесува до пожарот над Прилеп во голем дел е ставен под контрола, а со големи напори на противпожарните единици доцна во ноќта е спасен и манастирски комплекс.

За жал, пожарите ја земаа и првата жртва годинава. Од огнената стихија во кумановското село Кокошиње настрада возрасен маж кој беше задушен од чад. Припадниците на Армијата успеаја да ја спасат сопругата на починатото лице, па таа беше успешно евакуирана.