Македонија заслужува поддршка, Милевски најавува победа

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20 часот и 45 минути (пренос на ТВ Аренаспорт) ја пречекува  селекцијата на Грузија, трет натпревар во Лигата на Нации, а прв за нашиот национален тим на домашен терен.

На првите два меча гостувавме кај  Бугарија и Гибралтар, запишвме нерешено и победа, а Грузија има две победи, ова е дерби за прво место во моментот на табелата на нашата група 4.

Ова е дерби во групата, Грузија покажа добра форма, но селектрот Благоја Милевски вели дека за резултатот се прашува Македонија.

„Квалитетни се но за резултатот се прашува и Македонија. Посакувам исполнет стадион и тоа би бил дополнителен стимул за нас да ја почувствуваме домашната публика. Поддршката е потребна“ - рече Милевски.