Македонките се цврст орев: Србинките и Црногорките лесен плен
Американски блогер и самопрогласен мачо турист, со прекар „Roosh V “ и неговиот колега Николас Џек, врз основа на сопствените, но и искуствата на другите машки играчи од форумот ReturnOfKings.com, создадоа еден вид светска мапа која покажува колку жените ширум светот се подготвени да се впуштат во акција со еден странец.
Според нивното колективно искуство, Србинките, Хрватките, Босанките, Црногорките и Словенките се доста „лесни“, додека Македонските жени се малку по воздржани и итри!
Ако се верува на оваа мапа, нашите девојки се причино стабилни, знаат што сакаат и знаат да бидат резервирани, што не ги става во просекот на девојки за Јужна Европа. Западните Европјанки и грчките жени спаѓаат во категоријата „нормална тешкотија да се освојат“, додека Шпанките, Италијанките и Турчинките се нешто по воздржани.
Што се однесува до државите каде што жените лесно се освојуваат, тие се Куба, Доминиканска Република, Перу, Боливија, Тајланд, Филипини, Гана, како и повеќето од јужна и источна Африка.
Најнедостапни се дамите во Египет, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Јордан, Сирија, Иран, Ирак, Оман, Катар, Јемен, како и убавиците од Шри Ланка.
Секако, ова истражување треба да се земе со голема претпазливост, имајќи го предвид фактот дека во некои земји жените немаат право да одлучуваат за својата слобода.
Исто така, тимот на форумот ReturnOfKings е прилично мизогена група на мажи кои мислат дека жените се плен создадени за да ги забавуваат мажите со прекумерна тежина кои по својата природа едноставно не можат да бидат моногамни.
Што мислите, какви се жените од овој регион?Се разбира, и жените можат да кажат за мажите какви се од овој регион?