Македонската сирена: Фитнес инструкторка која пали и гаси
Можеби е една од најубавите жени на Балканот. Згодна,
паметна, со исклучитено добро оформени облини. Македонската фитнес инструкторка
Ана Стојанова од своето тело направи ремек дело.
И не само од своето! Таа има армија од луѓе на кои им помага телото да им биде соодветно на килажата и годините. Има свои онлајн програми, планови за исхрана, планови за вежбање, неделни обраќања на своите обожаватели на социјалните мрежи кои ги има во огромен број.
Има издадено и прирачник со вредни принципи за животот и физичката сила. Самосвесна е и дисциплинирана, а тоа им го влева и на сите оние кои ја поддржуваат и работат напорно на своето телo.
Исклучително е убава, има силни црти на лицето, полни усни, тело на сирена, фантастично оформен задник по кој е препознатлива. Но сето тоа кај неа е мајка природа и многу, многу работа.
Не се откажува лесно, борбена е, храбра е и упорна во намерата да прикаже како здраво да живееме. Незините совети навистина имаат содржина. Не е како секоја втора која посакала да стане фитнес инструкторка.
Неодамна, напиша емотивна порака до своите следачи на Инстаграм:
„ Утре одам на операција...Дечки ви спомнав дека имам сериозен проблем со десното колено, утре ќе правам тешка операција, односно 3 зафати наеднаш... Ќе ми бидат потребни од 3 до 6 месеци додека повторно се вратам во теретана, но јас силно верувам дека ќе се вратам побрзо. Свесна сум дека ќе излезам од форма. Свесна сум дека моето тело ни најмалку нема да изгледа исто. Свесна сум и спремна за се она што следи. Ги имам програмите и знам дека ќе се вратам побрзо од што мислам. Ќе бидам уште едно медицинско чудо. Ветувам. Кога ветувам јавно, си земам голема одговорност и да го исполнам тоа. ДЕВОЈКИ! Не е крај, почнуваме заедно, почнуваме од нула. ЌЕ УСПЕЕМЕ!“- напиша Ана.
Ние и посакуваме што побрзо закрепнување и да продолжи да мотивира и создава и понатаму, а нејзиниот „Инстаграм“ профил можете да го видите овде https://www.instagram.com/annstojanova/
Небојша Толески