Македонски спортски титани: Мускулести, ама со усул
Убаво оформено тело не се создава преку ноќ! За тоа се
потребни години напорна работа, откажувања, жртвувања… Оние кои професионално
се занимаваат со спорт и постојано се во движење, имаат мускулесто тело кое од
една страна е создадено со континуиран тренинг, а од друга страна може и
теретаната да биде од помош.
Нашите спортски асови скоро и да не ја промениле физиономијата низ годините. Но кај нив е забележителна мускулна маса која не е претерана, туку токму онолку колку што треба, правилно распоредена.
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, евидентно е дека има балансирано тело и суптилни мускули кои не се претерани. Лазаров и денес е во топ форма, вежба комбинирано и изгледа одлично.
Фудбалерот Елиф Елмас никогаш не се “расфрлал” со мускули. Неговото тело е затегнато и цврсто, без преголема мускулна маса. Елиф е кондициски спремен во секое време, брз и фуриозен, па дополнителна мускулна маса би го успорила.
Горан Пандев, најдобриот наш фудбалски ас има исто така цврсто тело без препотенцирани мускули. Вежба постојано, но сето тоа е умерено и токму колку што му треба.