Македонски Телеком овозможи бесплатни разговори и СМС кон Турција и Сирија
- 09 Февруари, 2023
Во знак на поддршка на населението погодено од катастрофалниот земјотрес, Македонски Телеком овозможи бесплатни интернационални разговори и СМС пораки кон Турција и Сиријавза своите приватни и деловни корисницина фиксна и мобилна линија. Бесплатни се и повиците и СМС пораките во роаминг на нашите корисници за време на престој во овие две земјиво периодот од 10 февруари 2023 година (00:00 часот) до 20 февруари 2023 година (24:00 часот).
На овој начин роднините на афектираните лица ќе можат полесно да бидат во контакт со нив. Дополнително, вака им се дава поддршка и на лицата коишто обезбедуваат помош на лице место.
Граѓаните можат да ја изразат својата солидарност со донација од 100 денари на бројот 143 400, отворен во соработка со Црвениот Крст.
ПР објава