Македонскиот автомобилист со сопругата полнат батерии на најубавото место во Македонија: Викендица со двор и преубав поглед кон планина
Автомобилистот Игор Иџе Стефановски со неговата сопруга Емилија, овие денови уживаат во Горна Белица, место од каде што македонскиот автомобилист има потекло.
Ова живописно место се наоѓа во околината на Струга, во областа Дримкол, низ кое тече притоката на Црн Дрим, Беличка река.
Иџе на оваа локација има преубава викендичка и ова е местото каде ги полни батериите, по напорен период.
На неговиот Инстаграм објави инстаграм приказна на која покажува во каков рај ужива во октомври додека природата го менува своето руво, а тој посветен на работите за одржување на дворот.
Неговите следбеници му посакуваат да ужива во прекрасната природа на Горна Белица, која е како втор дом на Иџе.
Парот доби убав коментар и за тоа како изгледаат: „Вие сте олицетворение и доказ за вистинска љубов“.
Парот е 17 години во брак и заедно ги имаат синот Олег и ќерката Нина.
Фото: Инстаграм