Македонскиот BtoBet бележи брз раст како дел од групацијата Aspire Global
Една од водечките светски компании од “iGaming” индустријата со седиште во Северна Македонија, BtoBet, продолжува да бележи брз раст и позитивни резултати како дел од групацијата Aspire Global.
По шест години самостојно функционирање, во 2020 година, македонскиот провајдер на софтвер за спортско обложување, BtoBet,ѝ се приклучи на реномираната групација Aspire Global, лидер во глобалната “iGaming” индустрија која котира на шведската берза, склучувајќи зделка вредна 20 милиони евра.
Влезот на Aspire Global во индустријата за спортско обложување и врвните технолошки решенијана BtoBet, производи и услуги кои се целосно усогласени со регулираните пазари на светско ниво, обезбедија цврста основа групацијата да настапи како компанија со водечка платформа во индустријата за електронско спортско обложување и онлајн игри на среќа.
Аквизицијата се покажа како важен чекор во стратегиите за раст на двете компании, отворајќи нови можности за склучување партнерства со оператори од сите нивоа и освојување на европскиот и пазарот во Северна Америка, овозможувајќи BtoBet дополнително да ја зајакне својата лидерска позиција на пазарот во Африка и Латинска Америка.
Од Aspire Global истакнаа дека консолидирањето со BtoBet било клучно во обезбедувањето предност на групацијата во однос на конкурентите, што го потврдува и досега најголемиот раст на приходите, забележан во вториот квартал годинава, со што групацијата е чекор поблиску до остварување на своите финансиски цели за 2021 година.
Благодарение на иновативните софтверски решенија и врвната експертиза на искусниот тим од близу 80 ИТ експерти и висококвалификувани професионалци од повеќе различни области, македонскиот провајдер на софтвер за спортско обложување BtoBet, е една од трите најдобри ИТ компании за софтвер за спортско обложување и онлајн казино во светот.
ПР објава