Македонскиот инфлуенсер во ексклузивна фотосесија за светски бренд
Тој не запира во
модниот поход и секој негов следен чекор е проследен со интерес. Денис Аљуш, еден од најпознатите македонски модни инфлуенсери кој живее и работи на Малта и кој е многу познат во
оваа островска земја, овој пат не’ изненадува со нешто на многу повисоко ниво. За него пишувавме во интервјуто кое го даде за Машки магазин во кое и тогаш најави неочекувани соработки.
За потребите на најпознатиот малтешки бренд Charles and Ron, Аљуш сними екскузивна фотосесија со парчиња од нивната колекција која ја прикажаа на модната недела во Лос Аџелес. Овој бренд со светско реноме ги облекува планетарно популарните музички и холивудски ѕвезди Џеси Џеј, Никол Вилијамс, Ашанти, Натали Емануел од Игра на тронови, Рони Хавк, Мишел Вилијамс- Дестенис Чајлд... Облеката им е и за мажи и за жени, а главен акцент е ставен на елеганцијата „зачинета“ со доза на гламур и разигран колорит. Познати се и по изработка на многу скапи чанти.
- Јас сум
единствениот Балканец кој беше поканет да биде дел од фотосесијата. Огромна е
честа посебно затоа што се работи за Божиќна фотосесија. Во Малта е престиж да
се носи облека од овој бренд како и во светот. Облеката е софистицирана и многу
мажи можат да се пронајдат во нивните парчиња- ни изјави Аљуш за Машки магазин.
На фотографиите има различни изгледи. Некои и по малку шокирачки, но Денис е познат по тоа. Не се плаши да игра со модата, храбро ги носи нештата и добро знае дека сето тоа е уметност која продава.
Инаку, во Малта е 5 години и работи во Валета на Универзитетската клиника како истражувач во областа на науката и медицината. Има и Мастер студии по гинекологија и акушерство.
Небојша Толески