Македонскиот пат на смртта: Само една грешка може да чини живот

Македонија нема доволно развиена инфраструктура, но во целост патиштата се претежно безбедни за возење. Сепак, има места или критични точки на кои треба крајно да се внимава бидејќи само мало невнимание може да придонесе за големи последици. 

Таков е превојот Плетвар во близина на Прилеп. 

Се наоѓа на надморска височина од 994 метри и ги разделува планините Дрен и Бабуна, а ги поврзува Пелагонија и градот Прилеп со Раец и Тиквешијата. Во Националната Стратегија за заштита на природата (2017-2027), превојот Плетвар се споменува во првите десет најважни центри на националниот ендемизам. Типичен пример за еден таков ендемски вид е пеперутката чингова окатка (Pseudochazara cingovskii), која според досегашните истражувања живее само во околината на Плетвар, на површина не поголема од 1,5 км² и на ниедно друго место во светот. 

Но не е уникатен само по пеперутката, туку и по сообраќајните несреќи. Поради кривулестиот пат, амбисите, некогаш недоволата видливост, овој пат мора да се вози крајно претпазливо. Низ годините многумина загинаа токму тука, а процените се дека над 100 луѓе ги изгубија животите, стари, млади, деца... 

А, еве што вели официјаната статистика на сообраќајни несреќи за 2019 година според МВР. Сепак бројките не се за потценување и апелираме да се вози внимателно.

Статистика: МВР