Македонскиот стоматолог хуманитарец повторно во акција: Бесплатни стоматолошки прегледи и интервенции за лицата од социјално загрозените категории од Гази Баба
Во рамките на проектот “Не стигматизирај- реагирај:ублажување на последиците од влијанието на кризата со Ковид-19 вирусот врз социјално-загрозените категории“ што 3D FENIX AID го спроведува со поддршка на Општина Гази Баба, отпочнуваме со организација на бесплатни стоматолошки прегледи и интервенции за лицата од социјално загрозените категории од Општина Гази Баба.
Стоматолошкиот тим од Поликлиниката Д-р Жикица Ѓорѓиевски Stomatoloska poliklinika na primarno nivo D-r Zikica Gjorgjievski, партнери вo проектот, oвој пат, ќе ги стават своите капацитети во функција за поддршка на жителите од Гази Баба од социјално ранливи категории кај кои кризата со Ковид-19 вирусот дополнително им го отежна пристапот до основните услуги, меѓу кои и здравствени.
Оваа акција ќе трае се до исцрпување на заедничките ресурси на вклучените страни, а сите заинтересирани може да се пријават на контактите на 3D FENIX AID и Stomatoloska poliklinika na primarno nivo D-r Zikica Gjorgjievski или во приватна порака.
Затоа што насмевката не познава род, статус, националност, возраст. Таа има универзален јазик.