Македонските фудбалери патуваат за Тбилиси, познати судиите за мечот со Грузија

Некомплетни поради поверди, македонската фудбалска експедиција патува денес за Грузија, в петок во Тбилиси го играме претпоследниот меч во Лигата на нации, сегмент „Ц“.

На Македонија и се потребни две победи, против Грузија и Бугарија, првиот ме во Тбилиси, а потоа средба во Скопје.

Грузија покрај поразот од Македонија, не смее да победи против Гибралтар, тоа ќе биде идеална разврска за нашиот национален тим во трка за првата позиција и плејоф во ЛН.

Благоја Милевски не може да смета на капитенот Ристовски, Адеми, Чурлинов, Етеми … Долга е листата на повредени стандардни првотимци, но атмосферата е одлична во тимот и покрај некомплетниот состав.

Судиската екипа е одредена, Иван Кружлак од Словачка ќе ја дели правдата на мечот во Тбилиси, а ќе му помагаат сонародниците Ханко и Позор.