Македонските кошаркари го добија трилерот со Црна Гора, утре против Хрватска во меч „ да се биде или не“
Натпреварот кој „мора да се добие“, го добивме. Македонија (У18) беше подобра од Црна Гора во меч исполнет со пресврти и играчки и резултатски, запиша триумф против незгодниот ривал (65:62), и утре за опстанок во елитата, ќе играме против Хрватска на ЕУРО - А дивизија.
Сосема добро прво полувреме имаа нашите млади кошаркари. И вистинска штета е што по 20.минути игра имаа „само“ седум поени вишок. Имаа и двоцифрена предност, во неколку наврати, но му дозволивме на противникот да реализира удар за три поени непосредно пред истекот на нападот за нашето водство да биде (32:25).
Бошалески беше првиот наш играч кој ја надмина бројката од десет и повеќе реализации, имаше 11, следен од Србиноски со седум, односно Симиќ кој погоди две тројки од вкупно четири на нашата селекција (од десет обиди).
Полувреме во кое селекторот Симиќ ротираше вкупно десет кошаркари, кои пак направија недозволиви 11 технички грешки (најчесто во додавањата). Но сосема доби 11. асистенции (четири на Шошкиќ) во првиот дел од натпреварот кој означуваше прва фаза од опстанокот.
Сосема поинаква слика во второто полувреме. Далеку од добра за нашата јуниорска селекција. Многу работи тргнаа во спротивна насока откако нашиот највисок играч, Теодор Симиќ ја доби четврттата лична грешка по која мораше да седне на клупата за резерви.
Без нашиот прв играч во одбраната, Црногорците полесно го пронаоѓаа патот до противничкиот кош. Го искористија тоа за комплетне пресврт, и играчи, но и резултатски. Во десет минути, Црногорците направија (24-14), за превземање на водството (59:56). За нешто повеќе од една четвртина во второто полувреме, го удвоивме и бројот на грешките (имавме дури 22). Ја загубивме и играта во нападот, се потешко поентиравме. На половина од последната четвртина, Црна Гора имаше солиден плус од седум поени (57:50).
Симиќ беше вратен во игра, ризикот се исплатеше, затоа што Македонија успеа да ја стигне таа негатива. По поените на Шошкиќ имавме егал резултат (59:59), но нашата серија продолжи на (11-2) до наше водство (61:59) иако во меѓувреме Симиќ ја доби и петтата лична грешка.
По „два плус еден “ играта на Шокиќ повторно поведовме, сега со (64:62) на 55. секунди пред крајот на мечот кој се претвори во драматичен. Во наредниот напад Башоски доби две слободни фрлања. Искористи едно, за уште повисоки (65:62), кои на крајот се претворија и во конечни. За наша прва радост во Измир, и што е уште поважно, добивање на шанса, на последниот ден од шампионатот, со победа против Хрватска, да го освоиме 13.место, и да обезбедиме опстанок во друштвото на најдобрите јуниорски селекции на Стариот континент.