Максимов нов играч на Шкендија

Фудбалерот на Работнички, Методи Максимов, прави трансфер во Шкендија. Во договор на двата клуба, младинскиот репрезентативец на Македонија, во иднина ќе настапува за тетовскиот клуб.

Тој во есенскиот дел од првенството одигра 14 натпревари за Работнички, вкупно 1164 минути и постигна три гола.

„Многу сум среќен и задоволен. Чест и задоволство е да се игра во Шкендија и ќе дадам сè од себе за овој клуб“, рече Максимов.

ФОТО: ФК РАБОТНИЧКИ