Мала, ама двособна: Куќа како печурка
Радослав Кременовиќ од Нови Сад е најкреативен градител и неговата подвижна куќа секогаш предизвикува внимание.
Оваа куќа во облик на печурка има 25 квадрати.
Куќата располага со кујна, бања, дневна и спална соба.
Оваа куќа е тешка само 1000 килограми и тоа овозможува лесно да се пренесува.
Сопственикот раскажува дека веќе е продадена и ќе ја краси Стара планина.
„Што и да сака човек, ние можеме да направиме“ - вели Кременовиќ и објаснува дека правеле куќи во различни форми.
Тој објаснува дека ваквите куќи имаат добра изолација, внатре не е многу топло, ниту многу ладно, а градежна дозвола не треба и тие се пренесуваат било каде.
Тие се прават од арматура која се витка, стиропор и пур пена.
Кременовиќ вели дека многумина сакаат да имаат ваква куќа која можат да ја носат каде сакаат.
Тој самиот живеел во куќата печурка и раскажува дека внатре и во зима е топло и не треба многу загревање.