МАЛКУ ЛИ Е? Диетата на Бред Пит се состои од дури 7 оброци на ден!

Кога не е на диета, славниот американски актер обожава да јаде бифтек или пица, и не е сигурен кое јадење го претпочита

Можеби сте забележале дека Бред Пит, скоро во секој филм во кој се појавува, јаде нешто. Додека многу актери го избегнуваат тоа, Бред го бара токму тоа затоа што вели дека тоа го опушта и го прави неговиот лик поубедлив. Тој забележува дека сака многу да јаде и дека често нешто „џвака“.

Меѓутоа, кога тој треба да се подготви физички за одредена улога, Бред се подложува на диета која вклучува дури и седум оброци на ден! Еве еден пример од неговата дневна рутина.

Појадок: Јајца (шест белки од јајца, седум жолчки) и 75 грама овесна каша со суво грозје

Закуска: конзервирана туна и пченица леб

Ручек: Две парчиња пилешки гради, 75-100 грама кафеав ориз или тестенини, и зелен зеленчук

Пред тренинг: Протеински шејк и банана, или протеинсо чоколадо

По тренинг: Протеински шејк и банана

Вечера: Риба или пилешко на скара, кафеав ориз или тестенини, зеленчук и салата

Вечерна закуска: Протеински шејк или нискокалорично сирење

Исхраната на Пит се состои од 2.000 калории на ден што му дава доволно енергија да го издржи секое вежбање и доволно протеини за да создаде мускул.