„Mango Man“ ги претстави новите перформанс одела
Станува збор за одела во кои можете да ги правите сите вообичаени активности и кои може да ги перете во машина...
Кога зборуваме за
спортски активности и други ситуации кои бараат од нас да бидеме физички
активни, тогаш оделото веројатно не би било нешто што би го избрале за носење.
Меѓутоа, модната куќа „Манго“ креира нова серија преформанс одела кои се
посебно дизајнирани за да ви овозможат да ги извшувате сите активности во нив.
Овие одела се креирани од флексибилни, растегливи и издржливи материјали кои не се набираат и кои ви овозможуваат да бидете подвижни и да работите буквално се`. Пергорманс оделата можат да се карактеризираат и како тренерки-одела, бидејќи се удобни, лесни, а овозможуваат во секој момент да изгледате деловно и елегантно.
Ваков тип на одела е дефинитивно чекор во иднината кој им овозможува на мажите да не се плашат од елегантниот стил и уште повеќе да го засакаат.