Марко Марк: Биди благодарен за денот, прости, кажи извини
Тој се врати повторно во етерот по барање на огромната публика што ја има. Заедно со своите колеги од утринската емисија која ја водат на „Телма“ очекуваме како и секогаш добра забава и интересни информации. Водителот Марко Марк по многу нешта е необичен, посебен, интуитивен, паметен...
Ге мотивираат инспиративните приказни од целиот шарен космпополитски свет... Според него, денес најголема инспирација претставуваат сосема рандом луѓе кои ги среќаваме насекаде, а кои се повеќе придонесуваат за општетсвото , животната средина меѓутота се надвор од очите на јавноста од секаков аспект. Индивидуи кои апсолутно остават белег со се повеќе филнатропски приказни, мудри луѓе полни емпатија, а делуваат надвор од материјалниот , безобразен политички хипокритичен свет.
Неговиот стил на облекуање е спортско- елегантен. Практичен е по природа и не пати од тоа да биде во центарот на вниманието. Знае да игра со боите и дезените и добро да ги усогласува. Трендовски е ориентиран, но со примеси на улична мода и безвремена класика. Знае да изненади со костум кој му стои добро и свесен е за својата надворешност. Кај него физикусот и силно изразените црти на лицето играат големо влијание.
Марко нормално функцонира зад камерите. Има мирен живот и не се оптоварува премногу со секојдневните смешни и ситуации кои не водат никаде. Верува дека денес во ова турбо темпо на функционирање и секојдневие секој од нас треба да најде своја формула на реципроцитет и баланс за продуктивен ден, да се бори да влијае на сите полиња од нашиот живот...
- Првото нешто е музика кое ми дава огромни вибрации , здравје и насмевка за добар почеток на денот, верувам дека многумина го имаат овој ритуал. Верувам дека и најголемата борба е со самиот себе , имаме огромна задача и работа пред нас , да се реализираме во суштински битиа , и често повторувам : биди добар денес , научи нешто од некого , поправи се , осмели се, биди благодарен за денот, прости, кажи извини , да научиме да промовираме се помалку , нервоза, гнев, его, инфериорност , материјалност, тоа создава само агресија , натпревар и хаос помеѓу нас... Можеме сите подобро , поучени од искуството секој од нас на посебен уникатен начин , па денес сме си потребни еден на друг повеќе од било кога, инаку која е суштината на нашето постоње и придонесување тука...Би сакал да апсорбираме што повеќе добрина за да може вирално што повеќе да ја шириме насекаде низ меридијаните, да пропагираме и апострофираме што повеќе добри хумани дела , придонесувајќи што повеќе за нас- луѓето, за светот, природата , животните... вели Марко.
Љубител е на животни, сака многу да чита книги и да гледа филмови. Спортува, вози параглајдер, вози велосипед, кајакари, се искачува по планини... Често патува, се дружи, комуницира со публиката и го живее животот со полн здив.
Небојша Толески