Машка модна трагедија: Како и да ги комбинирате, сепак се одвратни, или не?
Се случува и вакво нешто...
Луѓето плаќаат 1200 долари за фармерките на брендот Гучи кои имаат лажни дамки од трева ...
Како одминува времето, модата станува сè полуда и полуда и понекогаш ни се чини дека луѓето се подготвени да дадат огромна сума пари за работи што, реално, не вредат толку многу. Компанијата Гучи сега ја претстави најновата серија фармерки кои имаат дамки од вештачка трева.
Прво започнавме со избледени фармерки, потоа дојдовме до искинатите, а сега ги добивме и валканите верзии. Креаторите на овие фармерки велат дека ова е сега главниот хит и дека некои од овие фармерки чинат дури 1200 долари.
Како што е секогаш случај со нови и добро рекламирани производи, луѓето почнаа да ги купуваат во огромен број. Овие фармерки ќе се појават во новата колекција за есен / зима 2020 година, така што ќе можете да ги набавите доколку навистина сакате, иако сметаме дека е подобро и поевтино да се тркалате во тревата неколку пати со вашите вообичаени фармерки.