Машки чевли на македонски начин: Врвни уникати за оставање трага
“Да ти ги видам чевлите, па ќе ти кажам каков ти е стилот“- гласи една од најмоќите девизи напишани за стилското облекување и за мажи и за жени.
А, мажите, како по некое непишано правило важат за многу пребирливи во поглед на бирањето обувки. Сакаат на себе да имаат добри чевли кои според модните експерти се меѓу првите нешта кои ги забележуваме на еден изглед.
За да не се мачите во изборот, ние ви предлагаме нешто македонско, врвно, со традиција.
DIAS е Македонски луксузен бренд со единствен custom made концепт, специјализиран за кожни производи, чевли, чанти, торби за патување и останати кожни додатоци. Нивното мото е ,, Живот без строги правила“.
Брендот ви дава совршена можност самите да ги дизајнирате и креирате вашите производи. Да го изберете посакуваниот модел на чевли, чанти и други додатоци и тие да го изработат за Вас. Персонализацијата на производите со иницијали, метални букви, ласерско гравирање и слично е нов моден тренд во светот, а DIAS го доближува до Вас.
Токму оваа година, по двата успешни саеми едниот во Милано, а другиот во Скопје, тимот на брендот го слави својот роденден. А за таа пригода подготви и фантастичен попуст од 50% (акцијата трае до 15.03.2020) за најновите ,, сникерси ,, на одбрани модели.
Преку 30 модели на чевли, преку 150 видови на кожи, преку 10 видови на ѓонови од кои вие може да ја направите вашата омилена комбинација... И секако, широката палта на призводи во кои секој маж може да се пронајде.
Во галеријата ви го претставаме нашиот избор, а ваше е да си одберете и да си ги прилагодите чевлите според вашиот сензибилитет: