Машки капути кои ќе ве греат оваа сезона... и сезоните во иднина
Со доаѓањето на постудено време, секој маж бара функционален зимски капут, сакајќи да ја збогати својата гардероба со парче што ќе трае, да биде топло, пријатно и да помогне да ја направи секоја своја комбинација префинета и „шик“.
Постои широк избор на волнени капути со тока или со ремен. Без разлика дали станува збор за деловна средба, деловен ручек, конференција, одење во театар или прошетка низ градот, сигурни сме дека никогаш нема да погрешите со капути во црна, сива, кафеава и темносина боја, кои се безвременски класици. Трендовите се менуваат и се враќаат и можеме да видиме се повеќе мажи во „винтиџ“ парчиња.
За нашата машка публика, избравме неколку зимски капути од различни дизајнери и модни куќи. Ова е добро време за модна инвестиција во квалитетен зимски капут што ќе можете да го носите со сезони, а ви предлагаме да излезете од вашата удобна зона оваа зима и да играте со сите бои и стилови.
Dries van Noten
Gucci
Mango
Harris Wharf London