Машки карактеристики кои ги мамат жените како магнет
Ако ги поседувате овие особини и карактеристики, тогаш сме сигурни дека жените не можат да ви одолеат..
Мажите константно се обидуваат да дојдат до одговор, што сакаат жените и што точно бараат од нив. Затоа тие често се трудат да ги менуваат фризурите, да го освежуваат својот стил и да менуваат парфеми кои ги носат за да го привлечат вниманието на припадничките на понежниот пол, но факт е дека тоа не се вистинските работи на кои треба да се обрнува посебно внимание.
Извршивме мало истражување, прочитавме неколку различни анкети од оваа област и дојдовме до главните машки карактеристики кои ги привлекуваат жените.
1.Изразот на лицето
Жените откриваат дека машките црти на лицето и изразите кои ги прават можат да бидат неверојатно сексапилни и да го направат мажот да биде неодолив. Најдобро поминуваат мажите кои имаат мачо израз на лицето, кој е замислен и таинствен.
2.Говор на тело
Мажите кои имаат мажествени, можни и префинети движења најмногу го привлекуваат женското внимание. Мажите кои се носат во стилот на Џејмс Бонд се всушност оние кои најмногу привлекуваат внимание.
3.Мирис
Не само парфемите, туку и природните телесни мириси играат огромна улога во привлекувањето. Тоа е нешто што го носиме од нашите примитивни предци кои своите партнериги барале со помош на основните сетила. Кога мажите мирисаат убаво, тогаш тешко која жена може да им одолее.
4.Коса
Жените открија дека сакаат мажи со густа и подолга коса. Иако постојат и оние кои ги сакаат ќелавите мажи, ако имате коса, тогаш имате поголеми шанси да освоите поголем дел од женската популација.
5.Домашни миленичиња
Анкетите покажуваат дека припадничките на женскиот пол обожаваат мажи кои имаат куќни миленичиња, бидејќи тоа им е показател дека тие се грижливи и полни љубов.
6.Музикалност
Ако сте музкални, ако знаете да пеете или ако свирите на некој инструмент, тогаш сте чекор поблизу да станете Казанова, бидејќи девојките изјавија дека паѓаат како луди на мажи кои ги имаат овие таленти.