Машкиот парфем кој жената ја „тера“ на секс: Има дејство, сепак опасен заради една работа
Се сеќавате на јохамбинот и шпанската мушичка, кои наводно би ја натерале секоја жена да полуди од желбата за секс? На пазарот се појави спреј со сличен ефект, но многумина тврдат дека не би требало да може да се купи. Еве зошто
Доколку навистина делува на жените, како што тврдат експертите, спрејот „Синтоцинон“ или парфемот наречен Окситоцин ќе го натера секој маж да посака да ги купи. Имено, кога жената го вдишува, истиот маж станува попривлечен за неа.
Овој спреј содржи синтетичка форма на хормонот окситоцин, за кој е познато дека природно се ослободува од телото кога луѓето се заљубуваат. Овој хормон исто така игра голема улога во стимулирањето на производството на млеко кај мајките и е одговорен за длабоката емотивна врска со бебето. Но, дека жените „полудат“ откако ќе го вдишат, досега беше помалку познато.
Според испитувањата, сите ги оцениле своите партнери за 15 отсто попривлечни по вдишувањето на овој хормон отколку додека вдишувале плацебо
Овој спреј се продава онлајн, а неговата цена е околу 25 евра. Но лекарите препорачуваат дека не треба да се продава или купува без рецепт затоа што може негативно да влијае на срцето, а можни се главоболки и мачнини.