МАШКИОТ ПОЛОВ ОРГАН ОТКРИВА КОЛКУ ЌЕ ЖИВЕЕТЕ!? Ако изгледа вака, постои голем ризик од рана смрт - НЕ Е ШЕГА!

Еректилната дисфункција може да биде силен показател за прерана смрт!

Нема двајца мажи кои имаат ист полов орган, па некои имаат поголеми или подебели, додека други имаат помали или послаби. Сепак, покрај карактеристиките од кои може да зависи квалитетот на сексуалниот однос, постојат и одредени проблеми на машката алатка која може да предвиди смрт.

Дали знаевте дека еректилната дисфункција е силен показател за прерана смрт? Тоа е проблем со кој се соочуваат се повеќе мажи во светот, а една неодамнешна американска студија откри како еректилната дисфункција може да влијае на животниот век.

Експертите предупредуваат дека мажите со овој проблем имаат 70 отсто поголем ризик да живеат пократок живот од другите. А згора на тоа што е докажано мислењето дека постарите мажи најмногу страдаат од еректилна дисфункција, таа е широко распространета и кај помладата популација, а речиси 20 проценти од мажите помлади од 40 години го имаат овој проблем.

„Оваа состојба може да доведе до кардиоваскуларни заболувања кои го зголемуваат ризикот од прерана смрт. Покрај срцевите заболувања, таа е поврзана и со хиперлипидемија (ненормално високи нивоа на масти во крвта, холестерол и триглицериди), хипертензија (висок крвен притисок), дијабетес и пушење“, објаснија експерти од Универзитетот во Мисисипи.

Научниците го споредија првото истражување од 2003 година, во кое беа опфатени 1.790 мажи на возраст меѓу 20 и 85 години, со студијата од 2011 година на истите субјекти и заклучија дека еректилната дисфункција е силен предиктор за прерана смрт. Откриено е дека 557 испитаници имале проблеми со ерекцијата, а по осум години починале 244 од нив. Сепак, научниците забележуваат дека овој резултат од нивното истражување сепак треба да се земе со одредена претпазливост бидејќи се потребни уште многу студии за да се знае повеќе за овој проблем. И ова е само еден од начините на лекување на еректилната дисфункција!

Извор: (МОНДО)