Матеј Цветаноски е нов играч на Академија Пандев

Матеј Цветаноски е нов играч на Академија Пандев, официјално потврди клубот од Струмица.

Крилниот напаѓач до крајот на сезоната ќе го носи сино-белиот дрес и ќе биде одлично засилување во нападот. Цветаноски доаѓа од екипата на Партизани, а досега има настапувано за тимовите на Ѓирмот, Шкупи, Вардар, Пелистер и Македонија ЃП.