„Маж ме злоставуваше кога имав 18 години“: Метју Меконахи за траумата што ја доживеал
Актерот Метју Меконахи откри дека бил малтретиран и уценуван како тинејџер.
Метју Меконахи во своите мемоари Greenlights откри како бил уценуван за секс и дека од него барале да ја изгуби невиноста на 15-годишна возраст.
- Еден човек ме малтретираше кога имав 18 години, ме нападна и ме онесвести во задниот дел од комбето – додал познатиот актер.
Автобиографијата на познатиот оскаровец привлече големо внимание токму поради овие детали, а самиот Метју не сакаше многу да коментира и да навлегува во детали.
И покрај трауматските искуства, Метју истакнува дека никогаш не се чувствувал како жртва.
Метју Меконахи се прослави со комедијата Dazed and confused, а со Камил Алвес е во брак од 2012 година и имаат три деца.
Да потсетиме, нивната љубовна приказна датира одамна, но парот реши да се венча дури по 14 години заеднички живот. Пред да ја запознае Камил, популарниот актер уживал во својот ергенски живот, а сега истакнува дека штом ја видел Камил знаел дека цел живот ќе се забавува со неа.
Фото: Инстаграм
Фото насловна: Youtube - Oscars