Маж следел совети од Chat GPT па завршил на психијатрија: Лекарите биле згорзени од глетката

Шеесетгодишен маж од САД бил хоспитализиран и психијатриски третиран откако, изманипулиран од информации на интернет и совет од чет-бот, одлучил да ја замени кујнската сол со хемикалија – натриум-бромид.
По три месеци употреба на „замената“, кај него се појавиле силна параноја и халуцинации.
Како што пишува Annals of Internal Medicine, мажот на интернет прочитал дека натриум-хлоридот (обична сол) има негативно влијание врз здравјето и, без да се консултира со стручно лице, се обратил на чет-бот со прашање за можна замена.
Вештачката интелигенција му предложила бромидни соединенија – супстанции кои воопшто не се наменети за човечка исхрана.
Без да ја провери препораката, мажот започнал да користи натриум-бромид, купен преку интернет, наместо сол. По неколку недели развил симптоми на бромизам – труење со бром, состојба честа кај лица кои долго користат лекови со бромиди.
Во болница пријавил дека го „отрул сосед“, одбивал да пие вода и се обидел да избега, што резултирало со принудна психијатриска интервенција.
По стабилизацијата се пожалил на акни, прекумерна жед и несоница, а лекарите откриле дека три месеци редовно користел натриум-бромид наместо сол.
Стручњаците нагласуваат дека чет-ботот не прашал зошто е потребна замената, ниту предупредил за ризиците – нешто што, како што велат, би го направил секој здравствен работник.
Овој случај, додаваат тие, е предупредување за опасноста од слепо следење совети генерирани од вештачка интелигенција, особено кога станува збор за здравјето.
Извор: Mondo