Мажи со најмногу стил во Македонија за 2020 година: Избор на модни дизајнери и Машки магазин

Да, корона криза е, светот како да запре, но тоа не значи дека треба да се откажеме од она што претходно сме го граделе и создавале. И стилот се гради и создава, па слетствено на тоа, вирусот не треба да не наведе да не се облекуваме убаво или пак да ја прекинеме нашата стилска приказна. Можеби немавме многу можност да се експонираме по настани или разни други случувања, ама имаше и места и време да се облечеме убаво и убаво да се чувствуваме.

Кога лани Машки магазин бираше личности од Македонија со најмногу стил, немавме голем проблем. Сега сепак беше малку потешко. Не дека немаме мажи со стил, туку ретко да ги видиме облечени за некоја пригодна свеченост. Ама трагајќи по таквите реткости, наидовме на уникатни примероци. 

На помош викнавме и неколку етаблирани машки модни дизајнери да предложат свое мислење, па нивното изострено око одбра според нивниот вкус. Ние ја надополнивме листата со наши видувања, и се разбира дека оваа листа не е конечна, но убаво е на едно место да се види како нашите мажи парадираат и со стилот.

Никола Ефтимов- моден дизајнер и професор

Еве кои според професорот имаат најмногу стил:

Уметникот Игор Јосифов, не само што е познат по својот препознатлив израз во творештвото, туку и по стилот на облекување. Покрај добро избраните парчиња облека, тој постојано го надополнува изгледот со модни додатоци. Тие, заедно со свесноста за сопствениот изглед, го прават маркантна личност од сферата на културниот и јавен живот.

Македонскиот дипломат Никола Димитров е добар пример за современ елегантен господин со изграден стил. Се разбира, изборот на облеката е прилагоден на приликите, но тоа што постојано остава впечаток се добро скроените костуми, изборот на кошули, вратоврските, обувките, часовниците...

Андреј Папаз Ѓоргиевски- моден дизајнер

Според Андреј, двајца се во игра:

Кога размислувам за стил кој според мене ја одбележа оваа година, моето внимание се задржува на сите оние личности кај кои го забележувам индивидуалниот поглед и креативност кога станува збор за облекувањето. Тоа внимание е во целост апстрахирано од сето она што подразбира трендовско облекување или стилизирање по теркот на актуелните блог профили што се актуелни по социјалните мрежи. Да си единствен, индивидуа со став и карактер кој се отсликува и во физичкото естетизирање според мене е нешто што не може да го има секој, а е вистински дијамант во формирањето на стилот кај една личност. Кога би требало да изберам најдобро стилизирана личност помеѓу машката пополација токму овие критериуми ги земам предвид. 

Во првите редови во малата група на такви личности би ги издвоил Сашо Димоски, актуелен дирекор на Велешкиот театар, кој е љубител на едноствниот елегантен изглед, обоен во црно и секогаш украсен со впечатливи детали во форма на брош или накит. Имам забележано дека понекогаш знае и да износи и дизајнерско парче облека пред се од домашни дизајнери, што според мене е за поздрав.

Како втора личност во оваа мала листа го вбројувам и Васил Гарванлиев кој покажа голема креативност и индивидуалност во визуелизирањето на музичките спотови кои ги сними оваа година. Тој е тотално апстрахиран од она што се нарекува тренд иако до некаде професијата му го налага тоа. Преку стилизирањето во неговите спотови нуди нови начини на восприемање на модата, се забележува храбар манир и пред се покритие во концептите кои визуелно ги инистира кон публиката.

Александар Префо Расковиќ- професор и моден дизајнер

За Расковиќ еден е најдобар:

Како најстилски маж во 2020 година можам да го издвојам фризерот Војкан Андреевски. Секогаш со големо умешност ја комбинира облеката и аксесоарите кои се составен дел од неговиот стил. Внимателно дава акцент на тенденциите во презентирањето на машката мода, притоа водејќи сметка никогаш да не биде претенциозно и нападно. 

Морам да истакнам дека води сметка и за пригодата во која се појавува, имам предвид дека својот стил го прилагодува за намената. Можам да забележам дека практикува варијанти од строго елегантен до спортски "кежуал" "аутфити", но сепак оставајќи негов личен печат. Би истакнал дека облеката не остава целосен впечаток доколку не е надополнета со однесувањето, за кое слободно можам да кажам дека неговото однесување е умерено, во склад со пригодата и облеката, и секогаш впечатливо.

Но, освен избраните од страна на модните дизајнери, направивме мало истражување на социјалните мрежи, и ова се неколку ликови кои за многумина оставаат добар моден впечаток.

Ламбро Патче- менаџер за односи со јавност и комуникации во „Пивара Скопје

Пако Радовановиќ- архитект

Живко Мукаетов-  Претседател на Управниот одбор и Генерален директор на Алкалоид АД

Панче Димитриев- доктор, добитник на наградата најдобар машки стил на Балканот

Арко Кондор- бизнис со облека

Денис Ерхан Аљуш- доктор

Мартин Кангалов- фотограф

Небојша Толески