Мажи внимавателно: Ова се 5 грешки кога носите фармерки

Мажите обожаваат фармерки, но сигурни сме дека повеќето ги прават овие грешки ...

Иако во почетокот тие биле дизајнирани за да бидат работнички панталони заради својата издржливост, ова парче облека брзо стана светски хит и се користи со децении. Дизајнот на фармерките не се смени уште од нивното основање, и тоа само покажува колку се добри.

Мажите обожаваат фармерки, а некои велат дека се чувствуваат поудобно кога се облечени во нив од колку во тренерки. Сепак, често е случај мажите да прават грешки кога станува збор за носење фармерки и со тоа да го расипат својот изгледот.

Решивме да ви ги објасниме овие грешки и да ви објасниме како да ги избегнете.

1. Должина на фармерки

Многумина не знаат дека должината на фармерките треба да биде до зглобот и дека зглобот треба да биде видлив.  

Значи, над или под зглобот не е добро и ве тера да изгледате непропорционално и грдо. Многу е тешко да најдете фармерки што ќе ви одговараат совршено, затоа посетете го кројачот кој ќе ги исече точно како што ви требаат.

2. Темен џинс за ноќ – светол џинс за ден

Се посветли фармерки станува се попопуларна, но треба да знаете дека темните фармерки треба да се носат ноќе а светлите во текот на денот, бидејќи тоа се најдобрите комбинации кои нема да бидат премногу впечатливи и ќе одговараат на природната светлина.

3. Фармерките не треба да бидат згужвани

Ако ногавиците ви се навиени и збрчкани, тогаш фармерките ви се премногу долги и треба да ја посетите кројачката.

4. Конфузија помеѓу slim и skinny модели

Slim џинси се оние кои се малку тесни и имаат заоблена силуета, додека Skinny фармерки одат со кожата како ракавица.

Затоа, треба да обрнете внимание на она што го купувате и да се грижите за моделот кој најдобро ќе ви одговара. Ве советуваме секогаш да изберете  Slim фармерки затоа што Skinny модели знаат дa изгледаат смешно на некои  мажи.

5. Ременот не е задолжителен

Многумина мислат дека ременот е неопходен додаток и дека фармерките не можат да се носат без него, но вистината е дека во повеќето случаи ременот може да ви го расипе изгледот. 

Фармерките се дизајнирани да се носат без ремен, така што не секогаш ви треба.