Мажи, знаете што ќе облечете за дочекот? Еве ви неколку супер комбинации
Се ближи ноќта и мажот е запрашан „Што да облече за Нова Година?“.
Најпрвин требада се избере местото каде што ќе ја пречекате Новата 2020 година, а потоа во зависност од околината и најдобрата комбинација на облека.
Избравме најдобри комбинации во кои сигурно нема да поминете незабележано, а потоа изберете која облека ви се допаѓа најдобро.
Џемпер и фармерки за Нова Година
Ако одлучите да ја поминете новогодишната ноќ во кафе, бар или паб, тогаш одете на опуштена и лежерна опција.
Се разбира, не одете во обична маица или кошула, туку одберете убав бордо или тегет џемпер и темни фармерки или панталони.
Што се однесува до обувките, со оваа комбинација можете да носите и чевли и чизми и патики - зависи од вас да одлучите.
Ако сакате да додадете малку елеганција на целата комбинација, облечете кошула која едноставно ќе биде видлива под џемперот.
Кошула, сако, пеперутка вратоврска за Нова Година
Ако ја славите Новата година во кафеана, ќе треба да изберете малку поелегантна варијанта.
Во овој случај, квалитетна кошула во една боја е вистински погодок.
Ако сакате да бидете забележани, облечете кошула со ситни детали, бидејќи во моментот се хит.
Комбинирајте ја кошулата со панталони, не заборавајте да облечете добар ремен и да носите класични кожни чевли.
Ако тоа е тип на кафеана што бара повеќе празничен кодекс на облекување, тогаш преку кошулата носете сако и комбинација на елегантни манжетни и пеперутка вратоврска.
Ролка или маица и капут за Новогодишна ноќ
Сакате да ја прославите Новата година во клуб, а не знаете како да се облечете?
Точно е дека одењето во клубови бара комбинација на повеќе празнична и опуштена верзија, но нема да тргнете наопаку ако одлучите да облечете кошула.
Сепак, наш предлог се ролките, кои во моментов се многу модерни и мажите со задоволство ги носат.
Без разлика дали ќе изберете бела, сива, црна, ако ја усогласите со добри панталони или фармерки, нема да погрешите.
Тие се даваат софистициран и отмен изглед и сигурно ќе имате многу комплименти.
Со оваа комбинација е идеално прилагодено палто или капут, затоа што дава повеќе машки изглед, и ставете на вашата рака часовник кој е одличен додаток.
Исто така, наместо ролка, можете да се одлучите за маица, најдобро еднобојна, која, комбинирана со фармерки или добри панталони, може да остави одличен впечаток.
Храбри комбинации за мажи за Нова Година
Ако сакате да привлечете внимание и да облечете необична и несекојдневна комбинација, има многу предлози.
Може да сепојавите со кошула во силна боја, маица или дуксер со обичен принт или натпис или сако со порабени детали-сигурно сите очи ќе бидат вперени во вас.
Секако, ова можат да го ноат само мажите кои се многу сигурни во себе, но често пати се случува да претераат, па изгледа страшно, затоа внимавајте!
Машки додатоци за Нова Година
Во неколкуте комбинации што ги наведовме досега, споменавме дека ремените и часовниците често пати се неизбежни.
Покрај тоа, мажите се одлучуваат за марами, накит, како што се прстени и приврзоци.
И каде одите за Нова година?
Како што рековме на почетокот на текстот, најважно е да пронајдете место за пречекување на Новата 2020 година, а потоа да изберете облека.