Мажите едногласни: Не е фер да изгледа така на 55 години!
Познатиот актер Бред Пит последно се појави во најновиот филм на Квентин Тарантино „Once upon in Hollywood“ и покажа како се уште добро се држи, занемарувајќи го фактот што наполни 55 години.
Сцената која
посебно ги воодушеви сите обожавателки беше онаа во која актерот ја соблекува
маицата и го покажа своето набилдано тело.
Во новиот филм, тој глуми рамо до рамо со Леонардо ДиКаприо и Маргот Роби, а филмот ги следи животите на поранешниот актер Рик Далтон и неговиот двојник Клиф Бут, во времето кога светот беше потресен од веста за шокантното убиство на Шерон Тејт, од страна на следбениците на Чарлс Менсон.
Жените се согласија дека Бред изгледа подобро од било кога, дури и подобро и од онаа сцена во филмот „Телма и Луиз“ кога се појави гол во далечната 1991 година, пред околу 30 години.
Мажите едногласно се истакнаа дека не е фер колку добро изгледа на 55 годишна возраст.
Актерските улоги не се единственото нешто поради кое Бред Пит го одржува своето тело. Тој е само вистински пример за секој маж дека годините немаат никаква врска со изгледот, туку дека секогаш со напорна работа и дисциплинирана упорност може да го негувате вашето тело и да ја одржувате вашата виталност. Грижата за себе е најсигурниот пат за вечна младост. И за многу женски погледи вперени во вас, секако.