Мажите ја обожаваа: Беше најубавата жена на светот, а погледнете како изгледа денес
Порано беше најпосакуваната жена на планетата, но со годините се менуваше.
Најпосакуваната жена на планетата - така ја нарекуваа, но и по сите овие години таа повторно може да ја носи таа титула.
Во цветен фустан
Поранешната манекенка и водителка Кели Брук неодамна присуствуваше на доделувањето на шоубизнис наградите на Variety Club во Лондон. Таа облече многу едноставна облека за таа пригода. Некогаш најпосакуваната жена на планетата за оваа специјална пригода носеше цветен макси фустан, а изданието го комплетираше со брановидна фризура, темна шминка и насмевка. Таа носеше црни чевли со високи потпетици, кои на целото модно издание му дадоа шмек на префинетост и умереност.
Врз основа на нејзиниот изглед на тој настан, можеме слободно да кажеме дека некогаш најпосакуваната жена на светот и после сите овие години може повторно да ја понесе таа титула. Кели има 44 години, малку има вишок килограми, но и понатаму е провокативна.
Да потсетиме дека Кели Брук беше многу популарна во деведесеттите и раните 2000-ти. Таа беше сон на сите мажи со димензии од 99-63-91 сантиметар. Неколку години подоцна, во 2005 година, оваа поранешна манекенка беше избрана за жена со најпосакувано тело на планетата, а резултатите беа објавени во магазинот „For him“.
Фото: Инстаграм
Извор: Najzena.alo.rs