Мажите кои ја јадат оваа храна имаат 3 пати поголеми шанси да не успеат во кревет со другата страна
Новото истражување покажа дека мажите кои јадат зачинета храна три или повеќе пати неделно имаат речиси три пати поголеми шанси да имаат еректилна дисфункција.
Уролозите од Универзитетот во Јужна Кина изјавија дека овој ризик особено го имаат непушачите, пишува Daily Mail.
„Колку е поголема зачестеноста на јадење зачинета храна, толку поголем ќе биде проблемот со ерекцијата“, додаваат тие.
Се проценува дека повеќе од половина од мажите на возраст меѓу 40 и 70 години имаат одреден степен на еректилна дисфункција. Фактори на ризик вклучуваат стареење, пушење, оштетување на нервите, срцеви заболувања, дијабетес и слично.
Резултатите од истражувањето беа објавени во стручното списание Translational Andrology and Urology. Во него учествувале 400 мажи со и без еректилна дисфункција.
Експертите ја анализираа улогата на исхраната, како и навиките за пушење. Ризикот не е забележан кај пушачите кои јаделе зачинета храна, веројатно затоа што самото пушење е фактор на ризик за еректилна дисфункција.