Мажите на Греми: Версаче доминација за претеран каубојски кич
На доделувањето
на 62. издание на најпрестижните американски музички награди Греми што се одржа во Лос Анџелес, толку многу невкус на
црвениот килим одамна не е забележан. Ама музичарите се такви уметници кои покрај музиката, сакаат да шокираат или да се „зезаат“ со своите изгледи.
Не дека немаше одлични изгледи, не дека немаше гламур, но сето тоа во знакот на тоалети и костуми кои само потрвдија дека од толку многу спремање и желба да се биде виден, се прави циркус...или маркетиншки трик.
Да, се‘ е маркетинг, па дури и лошиот изглед. Во парадата од светски признати музичари се одвоија неколку со својот изглед кога станува збор за мажите. Но, вниманието го привлекоа сите оние кои беа облечени во парчиња од колекцијата со каубојски изгледи од модната куќа Версаче. И модната куќа Гучи ги облече повеќето од машките ѕвезди, посебно забележителни во панталоните ѕвонарки.
Не е спорно дека тоа веќе станува тренд, но сами пресудете како на некои изгледаше тоа. Имаше и такви кои сепак останале верни на елеганцијата, па и на цветните мотиви... Но модата во музичичката индустрија отсекогаш важела за предвесник на трендовите- и за мажи и за жени.
Еве дел од машките изгледи на Греми: