Мажите сакаат секс со „Порно ѕвезда“
Проверете дали нешто недостасува....
Што мажите сакаат во сексот?
Погледнете ја оваа листа:
Мажите сакаат секс со „Порно ѕвезда“
Секако дека речиси сите мажи гледаат порно филмови, но тоа не значи дека сакаат да ја применат некоја порно сцена во кревет со девојката. Примена на буквална сцена од порно филм може да го олади партнерот во кревет, но не и да го фасцинира.
Мажите не сакаат предигра
На мажите им треба неколку минути директна стимулација да доживеат оргазам, а на жените 20 минути или повеќе. Иако мажите можат веднаш да се возбудат тоа не значи дека сакаат само секс. Тие се заинтересирани за предигра посебно кога ќе видат дека нивната партнерка ужива.
Пенис- нивна единствена ерогена зона
Точно е , пенисот е главна ерогена зона кај мажите, но не и единствена. Тука се и вратот, рамената, задникот, ушите, брадавиците...дури повеќе од 90 отсто од мажите во една анкета се жалеле дека жените забораваат на нивните други ерогени зони.
Мажите сакаат жената да биде гласна
Повеќето мажи не би уживале во секс во кој жената се однесува како мртов предмет и не се слуша во текот на односот, премногу гласни жени исто така не се сон на секој маж.