Мажите со мали чекори се склони на еректилна дисфункција
Мажите кои прават мали чекори при одењето имаат поголема веројатност од 40 проценти да имаат еректилна дисфункција затоа што имаат помали карлични мускули, откриле јапонските научници.
Тие ја измерија должината на чекорите и колку мажите ги креваат нозете од земјата додека одат, а се покажа дека оние кои одат со мали чекори се со поголема веројатност од еректилна дисфункција. Лидерот на истражувањето, др. Шинго Хатакејама од универзитетот Хиросаки вели дека јачината на мускулите и флексибилноста на карлицата и ногата се клучни фактори во еректилната дисфункција.
Откритието е објавено во списанието Сексуална медицина, а студијата е спроведена на примерок од 324 мажи. Беше измерена должината на чекорот, која беше поделена со висината на подигнатото стапало, што укажува на рамнотежа, флексибилност и јачина на мускулите, што исто така се зема како основа во Јапонија за мерење на подвижност.
Мускулите на карличното дно кај мажите го поддржуваат
мочниот меур и цревата, но се исто така многу важни за сексуалната функција.
Должината на чекорите може да одговара на јачина, либидо, а со тоа и нивото на тестостерон што ја активира сексуалната функција, вели урологот Др. Рај Пердад. Тој додава дека подолг чекор може да биде поврзана со подобро функционирање на крвните садови или поголема доверба во сексуалната вештина, пренесува Дејли Меил.
Мажите кои прават мали чекори направиле во просек 153 инчи за два чекори, а оние со големи чекори 166 инчи во два чекори. Еректилната дисфункција беше измерена со меѓународен тест, мери 5 работи.
Истражувачите ги поделија испитаниците во две групи: оние со резултат послаб од 16 и оние со оценка над тоа. Оние со 22 до 25 поени немале еректилна дисфункција, додека оценката помеѓу 5 и 7 укажува на тешка еректилна дисфункција. Се покажало дека мажите кои имаат помали чекори имаат 40% поголема веројатност да имаат еректилна дисфункција, без оглед на другите фактори. Исто така, авторите велат дека претходните истражувања веќе покажале дека тоа е поврзано со јачината на мускулите на карлицата.