Мажот и жената секогаш треба да спијат под исто ќебе, дури и ако се скарани
Нашите баби секогаш знаат како да ни дадат по некој добар совет за бракот.
Тие веруваат дека ако сакате долг и среќен брак, некои работи треба да ги правите заедно со сопругот, а некои не треба да ги правите воопшто. Порано, многу внимание се посветувало на знаците и тие честопати биле сфаќани многу сериозно.
1. Мажот и жената секогаш треба да спијат во ист кревет и под исто ќебе, дури и кога се во расправија. Така, луѓето се наоѓаат во близок контакт и има големи шанси тоа да помогне да се постигне помирување.
2. Никој освен сопружниците не смее да седи на нивниот брачен кревет.
3. Никогаш не треба да се расправате пред некого, особено не во јавност.
4. Среќата сака тишина, затоа не треба да им кажувате на другите за вашата среќа.
5. Мажот и жената треба да пијат од иста чаша и да ги избришат рацете со иста крпа.
7. Губењето на венчалениот прстен може да укаже на неверство.
9. Никогаш не треба да поминете преку партнерот кој спие , тоа може да донесе проблеми во бракот.
10. Брачните другари никогаш не треба да спијат пред огледало, тоа може да доведе до неверство.
11. Мажот и жената секогаш треба да јадат заедно, со тоа ќе се зајакне нивниот брак.
12. Ако е облачно или ветровито на денот на венчавката, тоа значи дека бракот ќе биде бурен.