Мажот со илјада жени: Легендата на султанот што ја испишал историјата со потомство

Во текот на човечката историја, ретки се мажите чие потомство и љубовен живот оставиле траги не само во личната, туку и во генетската историја на човештвото.

Една таква фасцинантна, понекогаш контроверзна приказна, е онаа за мажот кој се смета дека имал најмногу жени во историјата – било како сопруги, наложници или партнерки. Името на кое најчесто се укажува: Марокоанскиот султан Исмаил ибн Шериф.

Султанот со над 1.000 жени

Султан Исмаил од Мароко владеел во периодот од 1672 до 1727 година. Според историските записи и хроники од тоа време, султанот бил познат по својата енормна харемска палата, во која имал – верувале или не – над 500 наложници и повеќе од 1.000 деца.

Според Гинисовата книга на рекорди, Султан Исмаил е „најплодниот татко во историјата“, бидејќи наводно имал 888 деца од околу 500 жени – иако некои извори го креваат бројот и до 1.042 деца.

Историчарите дебатираат за точноста на овие бројки, но современи биолошки и математички анализи покажуваат дека ваков репродуктивен успех, иако редок, би бил биолошки можен ако мажот има сексуален однос со различна жена секој ден во тек на неколку децении.