MCLAREN го претстави новиот најмоќен LT модел
Воведен на почетокот од оваа година, сосема новиот 765LT е најекстремниот модел Мекларен Лонгтаил, кој е полесен и помоќен од веќе импресивниот 720S…
Станува збор за егзотичен автомобил кој е фокусиран на тркачките патеки, и тежи 1.300 килограми, додека има масивен V8 твин турбо „реактор“ со 755 коњски сили. За оптимални перформанси и неверојатен изглед, на McLaren 765LT доби прекрасен карбонски пакет за аеродинамика. Додатоците вклучуваат поагресивни предни и задни браници, редизајнирани страни, поголем заден дифузор и активно задно крило Longtail со функција за сопирање на воздухот и разни опции кои го оптимизираат напрегањето.
Тркалата се поддржани од карбоно-керамички систем за сопирање со огромни челусти, што потекнува од моделот Мекларен Сена, но доколку случајно сопствениците сакаат нешто уште пожестоко, тогаш можат да го добијат целиот систем на сопирање од овој модел, со уникатни педали и беспрекорни карбо-керамички дискови.
Редизајнираната задна страна на моделот доаѓа со големи отвори и сосема нов колектор на издувни гасови со титаниум, што е четириесет проценти полесен од стандардните системи и нуди неверојатен звук на Мекларен.
Внатре во кабината на возачот, можеме да видиме повеќе детали фокусирани на перформансите, како што се тркачки седишта со јаглеродни школки, кои се 18 килограми полесни од традиционалните. Не очекувајте да наидете на клима или аудио систем овде, бидејќи сите навидум непотребни детали се отстранети за да се намали тежината на моделот.
765LT исто така доаѓа со карбон, осум-инчен инфозабавен систем, тапацир Алкантара и интересен панел со двојно застаклување, кој ни дава можност да уживаме во погледот на моќниот V8 мотор. Потенцијалните купувачи ќе имаат голем број на опции за прилагодување на овој ѕвер, вклучувајќи осум специјални теми во боја, од Мекларен.
Зборувајќи за моторот, твин-турбо четири-литарскиот V8-уред е освежен со клипови со леан алуминиум, дополнителна пумпа за гориво, ревидирана пумпа за масло и подесен управувачки систем. Како резултат, моторот сега произведува 755 КС и 799 Nm вртежен момент, или 45 КС и 30 Nm повеќе од моделот 720S.
Кога станува збор за перформансите, новиот McLaren 765LT може да забрза до 100 км на час за само 2,7 секунди, додека до 200 на час трае само 7,2 секунди. Максималната брзина е 330 километри на час.
Севкупно, McLaren 765LT е највозбудливиот LT модел на брендот и ќе се произведува во ограничена серија од само 765 единици, при што првите испораки ќе започнат во септември.