Ме допираа сексуално Крис Џенер и Кортни Кардашијан: Телохранителот со тужба
Поранешниот телохранител на семејството Кардашијан-Џенер, извесен Марк Мек Вилијамс, ја обвини Крис Џенер (64) за сексуално вознемирување пред неколку месеци.
Мек Вилијамс во тужбата тврди дека Крис го навела на сексуален однос додека во 2017 година како телохранител за неа и ќерката Кортни (41) работел за семејното шоу „Keeping Up With The Kardashians“. Покрај сексуалното вознемирување, Џенер се соочува и со обвинувања за непријателска атмосфера на работа, расна и родова дискриминација. Но, сега тој одлучи да покрене две нови тужби против Крис.
- Крис Џенер категорично ги отфрла сите обвинувања против неа, кои се целосно неосновани - изјави нејзиниот адвокат Мајкл Родос.
Мама Крис, наводно, го допирала Мек Вилијамс скоро во секое време, и таа не престанала да го прави тоа дури и кога телохранителот ја молел да престане. Според судските записи, Марк се пожалил на својот шеф кој потоа го отстранил од позицијата и го префрлил во куќата Кортни, најстара сестра од во семејството Кардашијан. Но, сексуалното вознемирување, според неговата изјава, продолжило и во нејзината куќа.
Адвокатот жестоко ги негираше обвинувањата во изјава за ТМЗ. Тој ја опиша тужбата како „смешна и несериозна“ и објасни дека станува збор за поранешен вработен кој бил отпуштен затоа што спиел во работно време и сега се обидува да ги достигне своите пет минути слава.
- Кога Крис и Кортни ќе го добијат ова дело на суд, тие планираат да го тужат Марк за клевета - додаде адвокатот на семејството Кардашијан - Џенер, пишува 24 часа.