„Ме одбија на интервју за работа бидејќи пенисот ми е преголем“ : Се пожали момче кое не може никако да го сокрие, ни преку панталони

Во емисија за проблемите на мажите со големи пениси на каналот 4 во Велика Британија, Џо се пожали дека неговиот пенис не може да се сокрие ниту со специјална долна облека, па поради тоа не поминал на интервју за работа.

Британската телевизиска мрежа Канал 4, во специјалната емисија наречена „My massive C..k“ (Мојот огромен пенис), во која прикажуваат импресивно надарени мажи, претстави маж кој тврди дека бил одбиен на интервју за работа поради големината на неговиот пенис, бидејќи мислеле дека има ерекција за време на разговорот. Џо, кој не сакал да се објави неговото презиме, има пенис од 24,13 сантиметри.

И додека некои мажи од таа серија признаваат дека нивната голема алатка главно не им пречи во животот, тој застана на страната на оние кои велат дека големиот пенис им пречи во секојдневните активности, а како што покажува неговиот пример, тоа може дури и да го чини неговата кариера.

- Невозможно е да се сокрие или да се намали големината на мојот пенис, едноставно не доаѓа предвид. Подебел е од мојата подлактица, има дијаметар од околу 17,7 сантиметри, изјави Џо за Метро за неговите интимни мерења, а пренесува Њујорк пост.

Тој вели дека мора да носи специјална долна облека, со „торбичка“ која „собира се‘“ за да не му „испаднат“ делови од пенисот од гаќите. Но, гаќите кои специјално ги нарачал не му помогнале да ги оттргне погледите од интимниот дел од телото за време на интервјуто за работа и да спречи непријатна ситуација.

- Одговорот што го добив беше: „Нема да го добиеш работното место. Мислевме дека си добар кандидат, но ни се чини дека се случило нешто непримерно“, му рекле според она што го кажа во емисијата.

- Мислеа дека имам ерекција во текот на целото интервју - тврди тој, додавајќи дека е јасно што потсвесно размислуваат: „Можевме да го видиме вашиот алат“.


Фото: Schreenshoot - Channel 4 - My Massive C**k