Ме викаа џуџе и глушец, а јас само сакав да пораснам: Гледате во еден од најдобрите фудбалери на сите времиња

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лајонел Меси денес е веќе влезен во легендите. Неговото богатство се проценува на 600 милиони долари, оженет е и има три деца. Живее нормален живот, сака да помага на сиромашните, сака животни и љубовта кон семејството и неговите најблиски му е најважна. 

Аргентина е неговата родна земја, а бил дел од најголемите светски фудбалски клубови каде постигна незапаметени успеси.

Но имал искличително тешко детство. Трпел навреди од децата кои го викале џуџе и стаорец, често го тепале, а малиот Меси плачел и се молел да порасне…

 Како дете, Меси тренирал фудбал во Њувелс Олд Бојс во Аргентина. Тој бил многу мал и за разлика од неговите врсници, растел многу бавно и секојдневно бил физички малтретиран од  сурови деца.

Кога имал девет години, тој бил висок само 127 сантиметри, па луѓето во клубот видоа дека  нешто чудно се случува со него.

Клубот го контактирал ендокринологот Диего Швартајн, кој веднаш го направил тестирањето и дошол до заклучок дека Меси е адолесцент кој „одбил“ да влезе во пубертет. Терапијата за инјектирање - воведување на хормон за раст - започнала.

Првично, здравственото осигурување го покрива третманот на Меси, меѓутоа, како што државата ја зафатила голема финансиска криза, осигурувањето ги прекинало исплатите. Семејството на Лео морало да собере 1.300 долари месечно за терапија, што дало одлични резултати.

 Но станале очајни бидејќи немале пари. Челниците на клубот не сакале да продолжат со финансирање на остатокот од терапијата, па Меси отишол во клубот Ривер Плата. Сепак, тој клуб исто така не сакал да учествува во плаќањето за лекувањето.

Му се укажува можност да замине во Барселона. Иако му било многу тешко да се раздели од семејството и пријателите, Меси замина во Каталонија. Барса ги покрила трошоците за терапијата, а талентираниот фудбалер го достигна нивото што му го ветил лекарот.

 Имено, кога за прв пат влегол во докторската ординација на деветгодишна возраст, бил многу низок. Меси сега е висок 169 cm, што е за два повеќе од славниот Диего Марадона, што не е случајно. На почетокот на терапијата, Швартајн му ветил на Лео:

„Не знам дали ќе бидете подобар фудбалер од Марадона, но сигурно ќе бидете повисок од него!“