Меден месец во Миконос: Љубовна бајка под егејското море

Меден месец во Миконос значи прв утрински бакнеж додека сонцето се раѓа над тиркизното море. Значи вечери исполнети со мирис на јасмин, вкус на вино и небо полно со ѕвезди што трепкаат само за Вас. 

Медениот месец во Миконос е многу повеќе од патување, тоа е еден нов почеток на Вашата љубовна бајка оживеана под сонцето на еден од најромантичните грчки острови.

Љубовта не е нешто што само се чувствува, таа е нешто што се доживува. А со Mint Travel, ќе ја доживеете во најчиста, најгламурозна и најромантична форма. 

Кратка историја и шармот на Миконос

Миконос е дел од Цикладските острови во Грција и има богата историја поврзана со античката грчка митологија. Според легендата, островот бил создаден од телата на гигантите по битката меѓу Зевс и Титаните. 

"Островот на ветровите", како што е познат Миконос нуди можност за интимно патување за младенци каде секој момент е исполнет со магија. Миконос е местото каде љубовта добива своја сопствена боја, бела како куќичките покрај морето, сина како бескрајниот хоризонт и златна како зајдисонцето кое го бојадисува небото над Вас.

Овој гламурозен остров е синоним за страст, интимност и елеганција, токму она што секоја двојка го посакува по венчавката.

Ексклузивен пакет од Mint Travel: Меден месец во Миконос

Со нашиот ексклузивен пакет за меден месец во Миконос, Вие не резервирате само патување, Вие и Вашата сакана личност резервирате искуство што се памети засекогаш.

Ексклузивниот пакет започнува од 4.990 евра по лице, со можност за прилагодување според Вашите желби. Добијте го медениот месец што го заслужувате за овој нов почеток во Вашиот заеднички живот. 

2 ноќевања во Villa Cronos - Миконос

Villa Cronos е Ваша приватна оаза, дизајнирана да ја прослави љубовта во нејзиниот најчист и најлуксузен облик. 

Сместена на тивка локација со панорамски поглед кон тиркизното море, оваа вила нуди совршен баланс меѓу приватност и елеганција. Овде, времето забавува. Стресот исчезнува. А вие двајца сте сè што постои. 

5-часовно крстарење со приватна јахта

Замислете: само вие двајца, приватна јахта, тиркизното Егејско море што се простира до бесконечност, и сонцето што ве гали додека се нишате на брановите. 

За време на ова 5-часовно крстарење, ќе уживате во луксузно сервирани вкусни закуски, свежо овошје, ладна вода и освежителни пијалоци, а секако, и вино што ќе го поткрепи секое наздравување за љубовта. 

Тура со приватен хеликоптер

Овој магичен остров заслужува да се види од високо. Со приватна хеликоптерска тура ќе го доживеете Миконос од перспектива која ќе ви го одземе здивот, блескави плажи, гламурозни вили, и мали бели куќи кои личат на расфрлани бисери. 

VIP забава во дискотека

Кога ќе зајде сонцето, Миконос ја открива својата позната ноќна душа, а вие ќе се најдете во срцето на најгламурозната сцена.

Со VIP влез и третман во една од најелитните дискотеки на островот, ќе славите под ѕвездено небо, со ритам кој го следи отчукувањето на вашите срца. Затоа што љубовта заслужува да биде прославена, гласно, со стил.

Ексклузивна вечера за двајца

Има нешто магично во вечерите што се споделуваат со поглед на море. Со нашиот пакет ќе уживате во приватна, ексклузивна вечера за двајца, придружувани од звуците на брановите. 

Оваа вечера не е обичен оброк, тоа е можност за интимен момент после свадбените веселби и обврски. Момент за љубовни ветувања и создавање на спомени.

Совршенство до последен детал: Што уште нуди Миконос?

  • Вечера во Малата Венеција: Малата Венеција се смета за едно од најромантичните соседства на острoвот. Уживајте со чаша локално вино додека сонцето заоѓа зад хоризонтот.
  • Тивки и романтични плажи: Бели плажи каде секој чекор по песокот е како по облаци. Плажите на Миконос се совршено место за релаксација и уживање во заедничките моменти. 
  • Фотосесии на млиновите: Познат како “Oстровот на ветровите”, Миконос има голем број на млинови од 17ти век коишто нудат уникатна можност за фотосесии. Добијте спомени што ќе траат доживотно.
  • Ноќни прошетки: Рака под рака низ малите островски улички, без грижи, фокусирајте се еден на друг и уживајте во тивките моменти

Резервирајте го вашиот меден месец во Миконос

Ако некогаш постоело совршено време и место за љубов, тоа е островот Миконос. Искористете ја можноста за ексклузивно патување какво што заслужува вашата љубовна приказна. Започнете го новото поглавје од животот во стил, гламур и романса со меден месец во Миконос преку Mint Travel

За повеќе информаци контактирајте нѐ преку телефон на 15 107 или во една од нашите канцеларии. Ќе ви помогнеме да го изберете совршениот пакет и ќе се погрижиме секој миг да биде магија.